Чешки кнедли
Posted by: Marta
April 22nd, 2012 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
– 1 лажица масло
– 2 земички
– ½ кг. брашно
– 1 јајце
– 2 дл. млеко
– малку сол
Подготовка:
На масло пропржете ги претходно исечканите(на коцки) земички. Во посебна чинија ставете брашно, додадете му јајце, сол и постепено додавајте млеко.
Во оваа смеса додадете ги пропржените земички. Сето тоа добро измешајте го. Во поголем сад ставете вода да зоврие.
Кога ќе почне да врие, со лажичка вадете ги кнедлите една по една и спуштајте ги во водата. Кога ќе бидат готови ќе испловат на површината.
Овие чешки кнедли можете да ги сервирате по желба со месо, риба, зеленчук