Состојки :
– ½ коцки цврсто тофу сирење
– 3 чешниња лук
– 2,5 цм големо парче свеж ѓумбир(изрендан)
– 2-3 лути чили пиперки
– брокула
– бабура пиперка
– ½ кромид, исечкан на големи парчиња
– 2 лажички семе од сусам (малку запржено)
– 1,5 лажици путер од кикиритки
– 2 лажици сос од соја
– лут сос (кечап или табаско сос, по желба)
– сол
– 1 лажица масло од сусам и 1,5 лажиче масло за јадење
Исушете го тофу сирењето со лесно притискање со хартиена крпа. Исечете го на поголеми коцки. Исцедете пола од изренданиот ѓумбир за да добиете малку сок, потоа сокот прелијте го врз тофу сирењето и оставете го да постои најмалку еден час. Колку подолго стои, толку подобро.
Истолчете половина од количината од пржениот сусам(во вреќичка со сукалото за тесто или во аван со толчник). Оставете го да стои.
Смелете го лукот и лутите пиперки, а потоа уште малку „додробете“ ги во аван или со сукало за тесто. Оставете да постои.
Во сад измешајте го путерот од кикиритки, соја сосот, лутиот сос, истолчениот сусам, лукот, лутите пиперки и солта, па додадете 1/3 чаши вода и мешајте додека сè не се спои. Оваа смеса ќе биде сос.
Загрејте една лажица масло во тавата. Ставете ги тофу коцките во една слој и печете ги од секоја страна по неколку минути на средна температура. Извадете ги и ставете ги на послужавник да постојат.
Загрејте го остатокот од маслото. Додадете го сечканиот лук, брокулата, бабурата (или некој друг зеленчук по ваша желба) и брзо пропржете го неколку минути. Внимателно додадете ги парчињата тофу сирење, за да не се распаднат. Прелијте ги состојките за сосот во оваа тава. Оставете малку и полека да се готви, па намалете ја температурата и покријте го садот.
На крај украсете го со остатокот од сусамот и лутите пиперки.