2 јагнешки марамици
1 комплет за дроб сарма(срце,џигер,крезли,бубрези…)
1/2 шоља ориз
1 китка кромидчиња млади
2 јајца
пола китка магдонос
1 коцка супа говедска
1 лажиче црвен пипер
сол и црн бибер
Комплетот за дроб сармата го ставаме со коцката супа да се свари околу 1 ч.Ги цедиме џигерите и другите ситнежи и ги сецкаме на многу ситни коцки.Во голема тава за пржење ги пржиме ситнежите и го додаваме оризот.Пропржуваме уште 2-3 мин.Тргаме од оган и ги ставаме сецканите кромидчиња,магдоносот,јајцата,зачините,промешуваме убаво и го динстаме додека не испари вишокот течност.Во тавче ја развлекуваме убаво марамицата,ја полниме со смесата и ја покриваме со другата марамица.Дроб сармата ја печеме околу 40 мин на 180 Ц.