ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ
500 гр свежи печурки
100 грама шунка (ситно сецкана)
100 грама сланина (ситно сецкана)
100 грама рендан кашкавал
50 грама плаво сирење
1 лажичка сол
1 лажичка лут буковец
Малку маслиново масло
Печурките се длабат во средината за да се добие доволно простор да може да се наполнат. Средината од печурките која ќе се издлаби не се фрла туку ситно се сецка. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканите печурки, се додава шунката и сланината и малце се пропржува за сланината да стане малце крцкава. На крај се додава сол и лут буковец. На страна се редат печурките во тавче во кое претходно ставате хартија за печење ( не се подмачкува). Се редат издлабените печурки, се полната со испржената смесата и се додава мало парче плаво сирење и на крај се наросуваат со сецкан кашкавал. Се печат 20-30 минути на 180 степени.