- 8 компири, излупени и исечени како за помфрит
- 2 белки
- 1 1/2 лажиче чили во прав
- 1 1/4 лажиче мелен црвен пипер
- 1 лажиче лук во прав
- 1 лажиче оригано
- 1 лажиче мајчина душичка
- 1 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- масло за јадење
Подготовка: Компирите исечете ги на парчиња по должина, па потоа на помали парчиња како за помфрит. Белките изматете ги малку со миксер. Во мал сад измешајте си сите зачини.Белките претурете ги врз компирите и измешајте.Ставете ги зачините и убаво измешајте за да се обложи секое парче компир. Во тавче за печење ставете масло и претурете ги компирите. Врз нив уште малку ставете масло.Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 40 минути, односно додека да бидат меки и печени.