•50 грама Целер
•малку Сол
•100 грама Моркови
•малку Мешан зачин
•100 милилитри Маслиново масло
•2 чешниња Лук
•1 главица Кромид
•400 грама Компир
•200 грама Домат
•150 грама Грашок или црвен грав
•100 грама пченка
•малку Црн бибер
Гравот измијте го и оставете го да отстои преку ноќта во вода.
Утредента ситно исецкајте го црниот лук, а кромидот и морковот на кругчиња, а компирот и коренот целер на мали парченца, па додадете го исцедениот грав или грашок и сè заедно пропржете на малку масло.
Кога зеленчукот ќе омекне, додадете малку бибер, бел лук и излупен и на мали парченца исецкан домат, пржете 5 минути, па посипете со зачински билки и налијте со 1,5 литри вода.
Варете додека зеленчукот не стане мек, посолете по вкус и посипете со сецкани листови целер.