Состојки:
200 g чоколадо (со најмалку 70% какао)
5 јајца
150 g шеќер
125 ml слатка павлака
Подготовка:
Чоколадото исецкајте го на ситни парченца и стопете го на пареа (чоколадото не смее да дојде во допир со водата). Одвојте ги белките од жолчките на јајцето. Изматете ги белките и постепено додавајте 100 грама шеќер. Слатката павлака додајте ја на белките.
Изматете ги жолчките со 2 лажици жешка вода и 50 грама шеќер додека не се добие цврста смеса во која постепено се додава стопеното чоколадо (и евентуално додатоци за вкусот).
На крај додајте ја смесата од белките и слатката павлака. Мousse-от пoтoа мора да отстои 4-5 часа во ладилник. За декорација се препорачуваат парчиња темна и бела чоколада и ливчиња нане.