600 гр. пилешки гради
100 гр. бел леб
50 мл. млеко
3 лажици кисела павлака
2 јајца
200 гр. лебни трошки
Подготовка: Сварете ги пилешките гради во солена вода, а потоа исцедете, сомелете ги и оставете ги целосно да се изладат. Од лебот отстранете ја кората, па потопете го во млеко и додадете го во садот со пилешките гради. Изматете ја павлаката и додадете ја во садот. Од смесата формирајте крокети во форма на кебапчиња или пак во кружна форма.
Во посебен сад ставете ги лебните трошки, а во друг сад изматете ги јајцата. Крокетите најпрво ставете ги во садот со лебни трошки, па во садот со јајца, па повторно во садот со лебни трошки.
Во подлабоко тавче на оган загрејте зејтин и пржете ги крокетите по 5 минути од секоја страна. Откако ќе се испржат, ставете ги врз салфетки кои ќе ја упијат мрснотијата.
Крокетите со пилешко месо послужете ги на чинија за сервирање со сос по желба.