500 гр. мелен кекс
250гр. путер
Шербет од 500гр. шеќер и 150 гр. вода
2 ванили
2 портокали
200 гр. чоколадо за готвење
Подготовка
Сварете го шербетот( водата и шеќерот се варат 5 минути од моментот кога водата ќе зоврие), додадете го сокот од исцедените портокали и изренданата кора од портокалите и ванилите. Додадете го путерот и почекајте да се растопи во топлиот шербет. Потоа додадете ги мелените кекси и убави промешајте. цмесата истурете ја во тавче обложено со прозирна фолија (кеса). Кога ќе се излади прелијте со растопено 200 гр. чоколадо за готвење. (чоколадото се топи на пареа со 1 лажица путер). Од кога чоколадото ке се стврдне колачот исечете го на коцки. Како декорација врз секоја коцка моете да ставите зашеќерена кора од портокал.