Њоки од тиквички
Posted by: Marta
November 19th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
400гр. тиквици
300гр. варен компир
350гр. брашно
1 јајце
50гр. путер
20гр. пармезан
сол
Компирот сварете го со лушпа. Тиквиците исечете ги на поголеми коцки и сварете ги кратко (околу 5 минути) во зовриена вода. Исцедете ги убаво. Топлиот компир излупете го и испасирајте го. Тиквиците изблендирајте ги и помешајте ги заедно со компирот, јајцето и пармезанот. Потоа со рака замесете тесто додавајќи брашно. Количината на брашното зависи од влажноста на тиквиците. Кога ќе добиете убаво мазно и потврдо тесто, на набрашнета површина обликувајте тенки кобасици и сечете на парченца не поголеми од 1 цм. Сварете ги њоките во зовриена посолена вода. Њоките се варени кога ке испливаат на површината на тенџерето. Слушете ги сос сос од домати или шунка. (рецептите за сосови ке ги најдете во категоријата сосови и преливи )