Потребни состојки:
– 2 парчиња пилешко филе
– 200 грама кашкавал
– 300 грама сув свински врат
– 1 павлака
– 2 јајца
– лук (по желба)
– 5 лажици сенф
Подготовка:
1. Откако ќе го подготвите, пилешкото месо, ставете го во сад подмачкан со масло и посолете го, но многу малку.
2. Премачкаје го со сенф и ставете го претходно ситно исецканиот лук.
3. Врз сенфот нарендајте кашкавал.
4. Врз кашкавалот ставете ги парчињата сув свински врат и повторно премачкајте со сенф, а овде ставете кашкавал исецкан на „листови“.
5. Изматете ги јајцата и павлаката и смесата прелијте ја врз кашкавалот.
6. „Бајадерата“ печете ја 30 минути на температура од 200 степени. Кога ќе биде готово, оставете да се излади, а потоа исечете ја на парчиња во форма на бајадера.