Пилешки стек со вариво од моркови
Posted by: Marta
November 17th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ
Потребни состојки
4 пилешки стека
400 гр. морков
400 мл. млеко
1 лажица брачно
2 лажици путер
сол,вегета
Подготовка
Стековите сварете ги во вода во која сте додале 1 лажица вегета а потоа на малку путер пропржете ги да добијата убава портокалова крцкава коричка.
Морковите изрендајте ги на крупно ренде и на тивок оган динстајте ги околу половина час со 400 мл млеко. Додадете го путерот и 1 лажица брашно разматена со малку ладно млеко (за да не ви се направат грутки), посолете и додадете вегета и малку црн бибер.
сервирајте ги пржените стекови прелиени со варивото од моркови
November 17th, 2011 at 20:20
Вчера го правев ова јадење за ручек и морам да ви го препорачам,пробајте го нема да зажалите :)