Запечени јуфки
Posted by: Marta
November 17th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ
Обожавам јуфки!
После варени јуфки со и без доматен сос што за мене се класика и незаменливи, еве еден интересен рецепт за запечени јуфки. Сем во приготвувањето трикот е и од кој производител ќе купите јуфки.Тетовските се супер!Тетовски јуфки имате во секој маркет, побарајте го пакувањето. Во тава ќе ставите зејтин прво и ќе ги запржите на тивко. Повеќето треба да добијат светло-кафеавкаста боја, никако црна!
Потоа ги полевате со вода колку да се покријат, значи не до врв од тавата и оставате да провријат на рингла а потоа ги ставате ад се печат во загреана рерна. Се служат со рендано сирење.( за пост се разбира се служат без сирење)