Сицилијански аранчини

Posted by: Marta

October 31st, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК


500 гр ориз
800 мл супа од коцка
1 лажица путер
1 јајце
100 гр рендан пармезан
фил:
200 гр мешано мелено месо
1 шолја варен грашок
1 чешне лук
1 лажица густ сос од домати или рендан свеж домат
1 лажица масло
1 шолја доматно пире
моцарела на коцки
сол, бибер
за пржење:
2 јајца, изматени и зачинети со сол и бибер
300 гр лебни трошки
Подготовка: Прво направете го оризот. Во тавче, стопете го путерот и ставете го оризот. Пржете го оризот неколку минути на ниска температура. Потоа, почнете да додавате по една шолја супа во оризот и мешајте додека оризот не ја впие течноста.
Ова повторувајте го 15 до 20 минути додека оризот не се свари од супата која ја додавате. Кога оизот ќе биде кремаст и мек, ќе знаете дека е сварен. Потоа, оставете да се олади оризот на собна температура. Откако ќе се олади, ставете ги јајцата и пармезанот и измешајте. Смесата ставете ја во фрижидер да се лади еден час.
Потоа направете го сосот. Во тавче ставете масло и пржете го меленото месо. Додајте го ситно сецканиот лук, а после и доматниот сос и доматното пире. Ставете го и грашокот. Мешајте повремено и оставете се да се вари 30 минути.
Навлажнете ги рацете со ладна вода. Во рака ставете една лажица од оризот. На него ставете една лажица од меленото месо и врз него една коцка моцарела. Целото покријте го со помала количина ориз и направете убаво тркалезно топче. Кога ќе ги направите аранчините, ставете го во фрижидер да отстојат 3о минути. Во тавче за пржење ставете поголема количина масло. Аранчините свртете ги во јајца па во лебни трошки и пржете ги 5-6 минути додека не добијат златна боја од двете страни. Кога ќе бидат пржени, ставете ги на кујнска хартија да ја впијат вишокот маснотија. Јадете ги како главно јадење со салата или како предјадење.

This entry was posted on Monday, October 31st, 2011 at 15:41 and is filed under ЗЕЛЕНЧУК. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.