1 главица кромид
4 варени јајца
пола китка магдонос ( две полни раце сецкан магдонос)
свеж босилок ( 1 полна рака сецкан свеж босилок)
павлака
сол, бибер
Кромидот се ренда и се динста на малку вода (без зејтин), потоа се додава изренданата тиквичка и таа се динста додека не омекне. Откога ќе се олади, се додаваат ренданите варени јајца, сол, бибер, и исецканиот магдонос и босилок. Салатата се промешува со кисела павлака.