•50 грама путер
•4 лажици маслиново масло
•малку магдонос
•2 чешниња лук
•500 грама лосос
•1 парчиња лимон
•1 мала лажица бибер
ПОДГОТОВКА: Подлабок плех за печење подмачкајте го со растопен путер. Лососот исечен на парчиња исто така премачкајте гo со растопен путер од двете страни. Сокот и ренданата кора од лимонот, биберот, лукот, магдоносот и маслиновото масло ставете ги во блендер, па матете ги додека сè не се иситни и добиете густа смеса како мајонез. Од оваа смеса со четка премачкајте го лососот од двете страни, па ставете го во премачканиот плех. Плехот покријте го со фолија и ставете го во загреана рерна на 210 степени. Печете го околу 20-25 минути. Внимавајте да не се запече. Лососот треба да остане сочен.