Солена дипломат торта
Posted by: Marta
October 27th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, САЛАТИ
Тесто:
4 јајца
200гр кисела павлака
1 пециво
4лажици брашно
1 лажичка сол
Фил:
200гр сирење
200гр кисела павлака
300гр шунка
100гр мајонез
100гр кашкавал
Начин на подготовка:
Тесто: Јајцата, павлаката, пецивото, брашното и 1лаж.сол се мешаат заедно и смесата се става да се пече во подмачкан сад, се пече на 200 степени.
Фил: Сирењето се ренда со ренде , се меша заедно со павлаката и се премачкува испеченото тесто. Откако ќе се премачка одозгора се ренда шунката. Потоа се премачкува со мајонез и одозгора се ренда кашкавалот.