Пита со суви сливи и вино
Posted by: Marta
October 25th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
500 гр.тенки кори
250 гр.путер
фил: 200 гр. шеќер, 1 кесичка цимет во прав, 250 гр суви сливи, 200 мл црвено вино,200 гр чоколадо за готвење.
Се сецкаат сувите сливи и се варат со шеќерот, виното и циметот околу 15-тина минути. Се трга од оган и во топлиот фил се додава чоколадото, убаво се промешува за да се растопи.
Во друг сад се растопува путерот и со растопениот путер се попрскива секоја од корите редејќи ги во тепсијата. На секоја 3-4 кора се мачка филот со сливите. Постапката се повторува се додека има фил и кори. последната кора увао се премачкува со растопениот путер, се сече питата на коцки и се става да се пече во предходно загреана рерна на 180С додека убаво не порумени. Се сужи оладена посипана со шеќер во прав.