Баклава со ореви и лешници
Posted by: Marta
October 25th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
За баклавата со лешници се потребни 500 гр кори за баклава.7 јајца се матат со 300 гр шеќер, откако убаво ќе се изматат се додава 250 мл зејтин и едно пециво. Смесата се меша со лажица. Настрана во друг сад се меша 300 гр мелени ореви и 100 гр мелени потпечени лешници.Се зема правоаголно тавче средна големина, се намрсува со масло и се става кората, се попрскува со филот од јајца, и втората кора исто така и третата. На третата кора се става од смесата со мелени ореви и лешници. Постапката се повторува додека не ги потрошиме сите кори.Баклавата се попрскува со зејтин и се пече на 200 степени околу 30-40 мин. во зависност од рерната. Се вари шербет од 900 гр шеќер, 800 мл вода, 1 ванила и пола лимон. Се вари да се згусне околу 5 мин и се попарува оладената баклава. Се сервира ладна.