Потребно
за тесто:
4 јајца
100гр шекер
200гр путер
100гр чоколадо + 100гр чоколадо за преливање
4 лажици брашно
1 пециво
150гр сецкани бадеми или лешници
крем:
500мл слатка павлака
200гр чоколадо
2-3 лажици шекер
Подготовка
Се матат жолчките со шеќерот и му се додаваат стопениот путер чоколадо,па брашното со пецивото и на крај снегот од белките па бадемите или лешниците.Се пече во помала правоаголна тава на 180 степени 20-тина мин.Откако ќе се испече се боцка тестото со вилушка.
крем:На тивок оган се ставаат сл.павлака,чоколадото и шеќерот,се мешаат повремено додека не зовријат.Се трга настрана малку да се олади и додека е топло и тестото и кремот се истура врз тестото.На павлаката не и треба миксирање,ќе се стегне по неколку часа.Прво се остава на собна температура а потоа се става во фрижидер убаво да се стегне.Од кога колачот ќе се олади се прелива со 100 гр. растопено чоколадо.
Колачево го јадевме благодарение на вештите раце на Ане и бадемите на Тања :)