Гибаница од макарони

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

– 250 гр. Кајмак
– 200 гр. Сирење 
– 400 гр. Макарони
– 400 гр. Кисела павлака
– 2 јајца
– 4 дл. Млеко
– 50 гр. Путер
– масло за јадење
– сол

 

 

На оган ставаме едно тенџере со вода и во него додаваме масло за јадење и сол. Тенџерето го покриваме со капак и оставаме водата да зоврие. По извесно време го отвораме капакот ги ставаме макароните во зовриената вода, да се варат покриени со капак.
Во меѓувреме во еден поголем длабок сад со вилушка го дробиме сирењето и го додаваме кајмакот. Промешуваме со вилушката и ја додаваме киселата павлака. Ги земаме двете јајца, ги кршиме па белките ги ставаме во еден сад за матење, а жолчките во садот во кој го подготвуваме филот за гибаницата. Потоа во садот го додаваме млекото и убаво промешуваме. Со електричниот миксер ги матиме двете белки.
На оган ставаме едно тенџере и во него го ставаме путерот да се растопи. Сварените макарони ги тргаме од оган и ги процедуваме во цедалка. Ги плакнеме со ладна вода и ги оставаме на работната маса.

Земаме една тава за печење и во неа го ставаме растопениот путер. Потоа во тавата ги ставаме исцедените макарони и ги полеваме со претходно подготвениот фил. На крајот во тавата ги ставаме изматените белки кои ги преливаме со преостанатиот растопен путер. Тавата ја ставаме да се пече во фурна на 200 степени 15-тина минути.
Откако гибаницата ќе добие златно- румена боја ја вадиме тавата од фурна и ја ставаме на работната маса. Со остар нож ги одлепуваме краевите на гибаницата од тавата. Гибаницата ја сечеме на поголеми парчиња, а секое парче со лажица решетка го вадиме на чинија за послужување. Украсуваме со топчже од кисела павлака и гранче од магдонос. Со тоа гибаницата од макарони е подготвена .

This entry was posted on Thursday, October 20th, 2011 at 11:43 and is filed under ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.