Француски тост со смокви
Posted by: Marta
October 14th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
СОСТОЈКИ
• 3 парчиња леб
• малку путер
• 4 јајца
• 10 цл павлака за готвење
• 2 големи лажици кафен шеќер
• џем од смокви
• 4 модри смокви
ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете 2 јајца со помош на вилушка и потоа додадете ја павлаката која исто така ќе ја промешате.
Ставете малку путер во сад за пржење и загрејте на умерена температура. Ставете ги трите парчиња леб (едно по едно) во садот со јајца и добро навлажнете ги во смесата. Потоа, ставете ги во тавата за пржење и во истовреме додадете го и кафениот шеќер во тавата. Испржете од двете страни.
Во меѓувреме, пресечете ги смоквите на четвртинки. Сервирајте со џем од смокви и свежи смокви.