– 4 шницли
– 250 гр сирење
– 250 мл павлака
– 250 мл млеко
– масло за јадење
– сол и црн пипер
Шницлите ги посолуваме од двете страни. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме шницлите да се пржат. Сирењето го сечкаме на парчиња. Парчињата сирење ги ставаме во друга тава за пржење на оган. Промешуваме. Во тавата со сирењето го додаваме млекото. За време на пржењето шницлите ги превртуваме во тавата. Откако сирењето ќе се растопи во тавата, ја додаваме павлаката. Мешаме со жица за матење. Тавата со шницлите ја тргаме од оган. Ги вадиме шницлите од тавата и ги ставаме во огноотпорен сад. Врз шницлите додаваме и малку од мрснотијата во која се пржеа. И тавата со сосот ја тргаме од оган. Со сосот ги преливаме шницлите во огноотпорниот сад. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 40- тина минути на температура од 200 степени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Половина главица кромид ја сечкаме на парчиња. И младите кромитчиња ги сечкаме на парчиња. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме парчињата кромид да се пржат. Во тавата ги додаваме парчињата претходно варени компири. На крајот во тавата ги додаваме парчињата млад кромид. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме.
На чинијата за сервирање ги сервираме Шницлите во сос од сирење. На двата краја од чинијата го сервираме зеленчукот од тавата за пржење. Украсуваме со ситно сечкан магдонос.