Грчки леб со маслинки
Posted by: Marta
October 13th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Уште еден грчки рецепт од Катерина. Мора да го пробате лебов јас го јадев кај неа кога го месеше пред некој ден. Многу добро!
700 гр брашно
2 лажички сол
25 гр свеж квасец
350 мл млака вода
5-6 лажици маслиново масло
180 гр маслинки, грубо исечкани
1 главица црвен кромид
2-3 лажички сечкано нане
Подготовка: Во чаша ставете ги квасецот, солта и малку од млаката вода да се растопи. Во длабок сад просејте го брашното, направете мала вдлабнатина во него и ставете ги квасецот, остатокот од водата и маслото. Прво, мешајте со лажица, па потоа со рака направете меко тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете двојно да се подигне. Кога ќе се подигне тестото, премесете го уште еднаш и развлечете го со сукало со димензии околу 20 см. Поделете го на две долгнавести парчиња. Врз секое парче ставете ги маслинките, ситно сечканиот кромид и нането. Завиткајте во ролат и оставете уште 30 минути да се подигне. Лепчињата ставете ги во тавче за печење и печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени и печете околу 35-40 минути.