400 гр шунка свинска
3 краставици поголемки
3 лажици супени мајонез
сирење (количина по желба, не помалку од 100 гр)
3 павлаки
100 гр ораси
Исецкајте ја краставицата и шунката на коцки. Краставицата оставете ја пола саат да се исцеди целата вода од неа, ако треба и со рака истискајте ја, само да нема вода. Оревите се дробат со сукало или се сецкаат, сирењето се ренда на покрупно и се мешаат сите состојки со мајонезот и павлаката.