40 лозови листови, 500 гр. мешано мелено месо , 100 гр. ориз (кочански), 1 главицa кромид , масло за јадење, нане (мирудија), сол , црн и црвен пипер.
Подготвување
Во тава на оган го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи, го додаваме и меленото месо, посолуваме и ставаме црн пипер. Откако малку ќе се пропржи меленото месо, га додаваме оризот, зачинуваме со мирудија и црвен пипер. Го допржуваме уште 2-3 минути и го тргаме од огнот. Лозовите листови убаво ги миеме и ги попаруваме со жешка вода за малку да омекнат. На листовите ставаме од смесата со мелено месо и мотаме сарми. Сармите ги редиме во тенџере, ги прелеваме со вода, ставаме малку доматно пире и заптжуваме со запршка (во тавче ставаме масло за јадење и една лажица брашно, оставаме малку да зарумени). Запршката ја истураме во тенџерето, поклопуваме и го оставаме тенџерето на тивок оган да се варат сармите околу 2 часа.
Сармите ги сервираме со кисело млеко или павлака.