Потребни состојки:
– 1 кгр. мелено месо мешано (говедско и свинско)
– 150 гр. сланина
– 2 кисели зелки
– 50 гp. ориз
– 2 главици кромид
– црн и црвен пипер, сол, вегета, оригано и зејтин
Подготовка: Исечкајте го ситно кромидот, и ставете го во сад со зејтин да се пржи. Откако ќе порумени додајте го меленото месо. Ставете малку вода и оставете да се испржи убаво. Пред крајот додајте сол, вегета, бибер и оставете уште 10 минути да се пржи. Потоа тргнете го месото од оган и додајте црвен пипер (2-3 дрвени лажици) ориганото и оризот.Земете ги зелките и вадете листови. Отсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми – големина по желба. Во подлабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Сланината исечете ја на подебели листови и ставете ја меѓу сармите. На крај прелијте ги со вода, за да се покријат сармите. Затворете го садот сo алуминиумска фoлија и ставете го во рерна да се вари 3-4 часа на умерена темпераryра од 150°. Потоа извадете ја фолијата и оставете уште половина час да се пече сармата и да добие светло кафена боја.