Мусака со шунка

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ


Состојки:

– 400 гр. шунка
– 5 јајца
– рендано сирење
– 280 гр. Брашно
– 100 гр. Пармезан
– лебни трошки
– 1 китка магдонос
– 2.5 дл. кисела павлака
– 5 дл. Млеко
– масло за јадење
– сол и црн пипер

Подготовка:

Во длабок сад за матење кршиме 3 јајца. Потоа со електричен миксер кратко време ги матиме јајцата. Непрекинато матејќи со миксерот ја додаваме целата количина на млеко. Продолжувајќи со матењето постепено го додаваме брашното. Матиме уште извесно време па смесата ја посолуваме. На крај без да прекинеме да матиме со миксерот на сммесата и додаваме масло за јадење.

На оган ставаме една тава за пржење и во неа ставаме малку масло за јадење да се загрее. Загреаното масло од тавата го претураме во еден длабок сад.

Од подготвеното тесто со црпалка ставаме во тавата и пржиме тенки палачинки. Палачинките ги оставаме на чинија да се ладат.

Настрана ја земаме Шунката , ја сечеме на кругови со дебелина од половина сантиметар, а потоа секој од круговите го сечкаме на долги резенки. Сите палачинки ги пресекуваме на 4 дела, а потоа секој дел на тенки резенки.

Земаме една тава за печење и со четка го намрснуваме. Ја потураме тавата со лебни трошки по целата површина за да не се залепат палачинките. Во тавата редиме еден ред од резанките од палачинките, па еден ред од резанките од шунка. Потураме со рендан пармезан. Потоа ја повторуваме постапката се додека не ја потрошиме целата смеса од палачинки и шунка. Најгорниот ред треба да биде од пармезан. Тавата со мусаката ја ставаме да се пече во рерната. Муската се пече 40 минути на температура од 220 степени. Во меѓувреме додека се пече мусаката во еден подлабок сад кршиме 2 јајца. Ги матиме јајцата со вилушка и во садот ја додаваме киселата павлака. Продолжуваме да матиме со вилушката додека јајцата и павлаката не се соединат.

При крајот на печењето на мусаката го додаваме ренданото сирење. Врз него со лажица ја нанесуваме смесата од јајца и кисела павлака. Ја зголемуваме температурата на рерната и ја оставаме мусаката кратко да се потпече само од озгора да добие убава румена боја. Ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож ја сечеме мусаката на големи парчиња. Со лажица решетка ги вадиме парчињата на чинија. Чинијата ја украсуваме со преостанатата кисела павлака. Декорираме со гранчиња копар.

This entry was posted on Monday, October 10th, 2011 at 16:30 and is filed under МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.