– 1 кг. кељ
– 500 гр. мелено месо
– 4 јајца
– 2 главици кромид
– 200 мл. павлака
– 150 гр. брашно
– 3 чешниња лук
– 300 мл. млеко
– магдонос
– масло за јадење
– сол и црн пипер
Главицата кељ ја разлистуваме. На листовите им ги отсекуваме кочаните. Кромидот ситно го сечкаме. И чешнињата лук ги сечкаме. Магдоносот ситно го сечкаме. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Во тенџерето ги ставаме листовите кељ да се обарат. Обарените листови ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во цедалка.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Откако кромидот ќе омекне во тавата го додаваме меленото месо. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме исечканиот лук. Промешуваме. Во тавата додаваме сечкан магдонос. Повторно промешуваме. Ја тргаме тавата од оган.
Во подлабок сад кршиме две јајца. Ги матиме јајцата со жица за матење. Додаваме млеко. Мешаме со жицата. Во садот го додаваме брашното. Мешаме со жицата. Посолуваме.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Секој лист кељ го свалкуваме во смесата од јајца, млеко и брашно. Потоа го ставаме да се пржи на загреаното масло. За време на пржењето листовите кељ ги превртуваме во тавата. Испржениот кељ го вадиме од тавата и го редиме на чинија. Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. Во садот редиме еден ред кељ. Врз кељот редиме еден ред фил од мелено месо. Повторно редиме еден ред кељ. Врз кељот го распоредуваме преостанатиот фил од мелено месо. Последниот ред е повторно кељ. Го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени.
Во меѓувреме во сад ги кршиме преостанатите две јајца. Ги додаваме павлаката и преостанатото млеко. Во садот го додаваме исечканиот магдонос. Посолуваме. Мешаме со жицата за матење додека смесата не се соедини. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Мусаката од кељ со црпалка ја преливаме со јајца и павлака. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме додека мусаката не порумени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Со нож Мусаката од кељ ја сечеме на парчиња. Две парчиња Мусака од кељ ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со кругови кромид и гранчиња магдонос.