•500 грама Шеќер
•450 грама Ореви
•375 грама путер
•10 Жолчки
•30 грама Брашно
•10 Белки
•2 Јајца
•200 гр чоколадо за готвење ( за оние кои ја сакаат чоколадната варијанта од тортава)
ПОДГОТОВКА:
Кора: белките изматете ги пенасто со 250 грама шеќер, додајте 250 грама мелени ореви, брашното и на крај 50 грама сецкани ореви. Печете во плех од шпорет обложен со хартија за печење. Ладното тесто исечете го на три ленти.
За грилијажот: Пржете 250 грама шеќер за да добиете карамел, па додајте 150 грама сецкани ореви, сè убаво измешајте и сипете во намрсен плех. Кога смесата ќе се олади, истолчете ја во аван и оставете ја настрана.
Фил: жолчките и јајцата изматете ги со 250 грама шеќер, па матете на пареа. Во ладнот крем додајте го пенесто изматениот путер. Од филот одвојте 2-3 лажици, а во остатокот вмешајте го подготвениот грилијаж. Филувајте ја тортата. Со одвоениот фил намачкајте ја тортата и од страните. Украсете со мелени ореви или грилијаж.
Доколу ја сакате чоколадната варијанта од тортава во филот со жолчките и путерот додадете и 200гр. растопено чоколадо за готвење.