Потребни состојки: 2 пакувања краби, 1 главица целер, 1 главица црвен кромид, мајонез, едно капаче виски, сол
Подготовка
Замрзнатите краби се потопуваат во врела вода (1минута) за да се одмрзнат и да им се одлепи хартијата во која се запакувани, па се сецкаат на ситни коцки. Претходно сварениот целер исто така се сецка на коцки, а кромидот се сецка на долги ленти. Сето тоа се зачинува со сол и сок од 1 цеден лимон, па се промешува со мајонез. На крај се додава едно капаче виски.