Потребни состојки: Две авокада (помеки), главица кромид, три варени јајца, сол, сок од цеден лимон, мајонез
Подготовка
Авокадата се сечат на пола им се отстранува семката и внатрешноста се вади со лажица. Авокадата, варените јаца и кромидот се бленидираат додека не се добие хомогена смеса како паштета, се додава сокот од исцедениот лимон, сол и мајонез и се промешува. Се служи со пченкарен чипс.