Францускиот сос бешамел е клучна состојка во многу вкусни јадења. Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел.
Подолу е дадена рецептата за приготвување на ½ литар бешамел сос.
Состојки
40g брашно;
40g путер;
500ml млеко;
сол и црна пипер;
мелено индиско оревче.
Начин на подготовка
Растопете го путерот во тавче на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Преку целото време мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте ги солта, пиперот и индиското оревче.