Archive for the ‘ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ’ Category

Француски тост со смокви

Posted by: Marta

October 14th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

СОСТОЈКИ 
• 3 парчиња леб
• малку путер
• 4 јајца
• 10 цл павлака за готвење
• 2 големи лажици кафен шеќер
• џем од смокви
• 4 модри смокви

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете 2 јајца со помош на вилушка и потоа додадете ја павлаката која исто така ќе ја промешате.

Ставете малку путер во сад за пржење и загрејте на умерена температура. Ставете ги трите парчиња леб (едно по едно) во садот со јајца и добро навлажнете ги во смесата. Потоа, ставете ги во тавата за пржење и во истовреме додадете го и кафениот шеќер во тавата. Испржете од двете страни.

Во меѓувреме, пресечете ги смоквите на четвртинки. Сервирајте со џем од смокви и свежи смокви.

Колач со тиква и портокали

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

 
Се ренда средна тиква (да има една длабока чинија) која се
пропржува со 2 лажици зејтин и се остава да се лади .
Се матат 2 јајца и се додава мешајќи со миксер по наведениот редослед:
1/2 шоља шекер,1 лажица мед,
1/4 шоља масло и 1/3 шоља млеко.
Се исклучува миксерот па се додава мешајќи со лажица:
1,5 шоља брашно (Може пола мелени бисквити пола брашно),помешано со :
1 лажичка пециво,1 лажичка сода бикарбона,
1 лажичка цимет,1/2 лажичка мешан зачин
(може морско оревче,каранфилче,ванила и др),
1/4 лажичка сол,тиквата , 1/2 шоља мелени ореви и
2 лажици сецкани ореви, рендан портокал.
Се пече во тепсија бр 28 ,на 200 ,околу 25 мин.Се украсува со зашеќерена кора од портокал.

Царски колач

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

 Се матат 10 белки со 250 гр шеќер и се додава

75 гр стопен путер,
100 гр брашно,
250 гр мелени ореви,
1 пециво и 1 ванила
Се потпекува на тивко околу 15 мин на 150 во плех 40х28
и кога е полупечено се премачкува со
10 жолчки изматени со 10 лажици шеќер
и се пече на 150 скоро 1 час (т.е се суши).
Кога ќе се олади се филува со со фил од:
1 помала шоља  млеко зоврива со 250 гр шеќер
100 гр чоколадо,250 гр  путер,
250 гр ореви .
Од горе се посипува со мелени ореви.

Чоколадно фонду

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Состојки
200ml слатка павлака
350g рендано чоколадо
2 ч.л. бренди, рум, Irish Cream, Kahlua или друг ликер (не е задолжително)
мали парчиња овошје (јагоди, јаболка, банани) или мали крофнички, мачмалоу…
Подготовка
1.Во мало тенџере или поголемо ѓезве ставете ја слатката павлака и оставете ја да се загрее на умерена температура. Потребни се околу 2-3 минути (не треба да достигне точка на вриење).
2.Тргнете ја павлаката од оган и со неа потурете го ренданото чоколадо. Оставете го чоколадото 3 минути за да омекне.
3.Растопете го чоколадото со мешање. Треба да добиете хомогена смеса.
4.Доколку чоколадото не се растопи убаво (зависи од типот на чоколадо што го користите), растопете го на пареа. Ако немате соодветен сад за готвење на пареа, користете обично тенџере. Препорачливо е или тенџерето да го држите во воздух над жешка рингла или ринглата да е загреана на минимална температура и да го ставите директно врз неа.
5.Во растопеното чоколадо ставете ги двете лажички ликер или алкохол по избор и повторно промешајте.
6.Послужете веднаш по приготвувањето, додека е топло.
Дополнително: по желба, во чоколадното фонду можете да додадете исечкани бадеми, ореви или лешници.

Гриз алва со кокос

Posted by: Marta

October 11th, 2011 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Во тенџере се ставаат 3 лажици зејтин и 1 коцка маргарин
и на нив се пржи 500 гр. гриз додека не порумени (на тивок оган).
Потоа се додаваат:
3 лажици какао
2 црни чоколади за готвење
3 лажици брашно
200 гр. мелени ореви
350 гр. шеќер
700 мл. вода
1 кесичка ванилин шеќер

Се вари додека не се згусне, со постојано мешање. Потоа смесата се става во подмачкано тавче
и одозгора се посипува со 100 гр. кокос. Кога ќе се излади може да се сече на парчиња.

Американски појадок – Grilled chocolate peanatbutter banana sandwich

Posted by: Marta

October 11th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Ова е рецепт кој ми го даде Ксенија и е рецепт за типичен американски појадок (Thanks Ksenia!)
Сосотојки
1/4 шоља путер од кикирики
4 кришки леб
1/4 шоља чоколадо(сецкано на парченца)
1 банана исецкана на четвртинки

Подготовка
Намачкјате ги лепчињата со путерот од кикирики, наредете ја сецканата банана врз путерот, потоа додадете го сецканото чоколадо и преклопете со другото лепче. пресечете ги сендвичите во дијагонала како триаголници и испечете ги на тост 1-3 минути. јадете и уживајте!:)

Крем Бруле – Crème brûlée

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 6 жолчки од јајца
• 75 гр бел шеќер
• 3 мл екстракт од ванила
• 600 мл слатка павлака
• 25 гр кафен шеќер
ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.
Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.
Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).
Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.
Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.

Полнети бисквити

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Состојки:

Тесто:

  • 250гр брашно
  • 100гр шеќер
  • 120гр путер
  • 2 жолчки
  • 2 лажици сок од лимон

Крем:

  • 250мл павлака за готвење
  • 2 лажици шеќер
  • 100гр стопено чоколадоПодготовка

Во поголем сад додадете го брашното. Исечете го путерот на потенки парчиња и додадете ги во брашното. Додадете шеќер, жолчки и сок до лимон. Направете тесто и наполнете ги калапите за мафинс.

Калапите со тестото ставете го во фрижидер да отстојат околу 10 минути. Потоа печете ги во рерна на 180 степени се додека краевите на бисквитот не добијат боја.

Кога бисквитите се готови оставете ги да се оладат, а во меѓувреме стопете чоколадо за готвење на пареа. Изматете ја павлаката за готвење со шеќерот. Вака подготвениот фил ставете го во фрижидер да се олади, па наполнете ја вреќата за шлаг.

Со шлагот украсете ги бисквитите, па секој бисквит украсете го со јагода или малина.

Домашна Нутела…mmmmm Nutella :)

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Нутелата е чист крем од лешник со додаток на какао! И сè што ви е потребно се наоѓа во секој супермаркет! За околу 350гр Нутела потребно е:

– 300 грама печени несолени лешници.

– 200 грама шеќер во прав.

– 2 до 3 супени лажици какао во прав.

– Една кесичка ванилин шеќер

Лешниците ставете ги во блендер и пасирајте ги додека не станат пире. Повремено гасете го апаратот и го лопатка соберете ги лешниците, бидејќи тие самите по себе се мрсни и кога ќе се загреат од блендерот се лепат по ѕидовите од садот. Кога ќе бидете задоволни со пирето, додадате го какаото и шеќерот и повторно вклучете го блендерот додека состојките се соединат и делуваат хомогено. Не ставајте кристален шеќер, бидејќи колку и да го матите кремот, кристалите нема да се стопат, но ако не ви смета крцкањето, слободно експериметирајте! Доколку не ви одговара количината на шеќер, слободно одземајте или додавајте по вкус. Ако кремот ви делува сув или премногу густ, можете да додадете малку масло за јадење, но не повеќе од 2 супени лажици, бидејќи кремот ќе стане премногу течен.

Домашно чоколадо со лешници и карамела

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Потребни состојки:

  • 300 грама лешници, испечени и исечкани (половина на крупно и половина на ситно)
  • 2 супени лажици вода
  • 100 грама путер
  • 200 грама бел шеќер
  • 60 грама кафеав шеќер
  • 1 мало лажиче сода бикарбона
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 150 грама чоколадо, исечкано
  • безвкусно масло за готвење
  • сол

Начин на подготовка:
Земете една тава и на неа нанесете малку од безвкусното масло за готвење. Половина од лешниците сипете ги во тавата, но не распрснувајте ги насекаде, туку направете купче на средината.Во друго тенџере заедно помешајте ги водата, путерот, двата вида шеќер и еден прстофат сол. Доколку имате тенџере со термометар, тоа би било одлично, бидејќи тенџерето треба да стои на оган додека смесата не достигне температура од околу 150 Целзиусови степени. Доколку немате такво, проценете според око. Гледајте да не мешате многу.Откако миксот ќе ја достигне посакуваната температура, сипете ги ванилата и сода бикарбоната. Потоа набрзина сипете ја смесата врз лешниците во тавата и распоредете го насекаде за да се добие еднаква дебелина секаде.

Исечканото чоколадо ставете го врз топлата домашна карамела и оставете го да се стопи 2 минути. Потоа убаво распоредете го на сите страни, додадете ја останатата количина на лешници и нежно притиснете ги кон внатрешноста. Оставете го чоколадото да се олади, потоа искршете го на парчиња и уживајте.