Archive for the ‘ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ’ Category

Пита со суви сливи и вино

Posted by: Marta

October 25th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

500 гр.тенки кори
250 гр.путер
фил: 200 гр. шеќер, 1 кесичка цимет во прав, 250 гр суви сливи, 200 мл црвено вино,200 гр чоколадо за готвење.

Се сецкаат сувите сливи и се варат со шеќерот, виното и циметот околу 15-тина минути. Се трга од оган и во топлиот фил се додава чоколадото, убаво се промешува за да се растопи.

Во друг сад се растопува путерот и со растопениот путер се попрскива секоја од корите редејќи ги во тепсијата. На секоја 3-4 кора се мачка филот со сливите. Постапката се повторува се додека има фил и кори. последната кора увао се премачкува со растопениот путер, се сече питата на коцки и се става да се пече во предходно загреана рерна на 180С додека убаво не порумени. Се сужи оладена посипана со шеќер во прав.

Баклава со ореви и лешници

Posted by: Marta

October 25th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

За баклавата со лешници се потребни 500 гр кори за баклава.7 јајца се матат со 300 гр шеќер, откако убаво ќе се изматат се додава 250 мл зејтин и едно пециво. Смесата се меша со лажица. Настрана во друг сад се меша 300 гр мелени ореви и 100 гр мелени потпечени лешници.Се зема правоаголно тавче средна големина, се намрсува со масло и се става кората, се попрскува со филот од јајца, и втората кора исто така и третата. На третата кора се става од смесата со мелени ореви и лешници. Постапката се повторува додека не ги потрошиме сите кори.Баклавата се попрскува со зејтин и се пече на 200 степени околу 30-40 мин. во зависност од рерната. Се вари шербет од 900 гр шеќер, 800 мл вода, 1 ванила и пола лимон. Се вари да се згусне околу 5 мин и се попарува оладената баклава. Се сервира ладна.

Баклава со лешници

Posted by: Marta

October 25th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

500гр. кори за баклава
Фил:
250 гр. путер
300 гр. лешници
Шербет:
300 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон

Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени лешници. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши целиот материјал завршувајќи со  3-4 кори. Наредената  баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.

Егзотик Торта

Posted by: Marta

October 21st, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

                                                                                             Потребно:

За тесто:10 белки се  матат со 200 гр шеќер во прав,300 гр сецкани ореви(потпечени)2-3 лаж.оцет,може 3-4 лажици брашно и малку пециво. 

Прв фил:4 жолчки,4 лажици  шеќер во прав се варат на пареа,потоа се додаваат 3 лажици густин измешан со 1 филџан млеко и се вари густ крем.Откако ке се олади се додава 150 гр изматен путер. 

Втор фил:6 жолчки ,4 лажици шеќер во прав се варат на пареа,се додава 200 гр чоколадо,и откако ке се олади се додава 1 изматен путер.

Тестото се сече на 3 дена и наизменично се филува со двата фила.

Чудо од чоколадо

Posted by: Marta

October 21st, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Потребно
за тесто:
4 јајца
100гр шекер
200гр путер
100гр чоколадо + 100гр чоколадо за преливање
4 лажици брашно
1 пециво
150гр сецкани бадеми или лешници

 

крем:
500мл слатка павлака
200гр чоколадо
2-3 лажици шекер

Подготовка
Се матат жолчките со шеќерот и му се додаваат стопениот путер чоколадо,па брашното со пецивото и на крај снегот од белките па бадемите или лешниците.Се пече во помала правоаголна тава на 180 степени 20-тина мин.Откако ќе се испече се боцка тестото со вилушка.
крем:На тивок оган се ставаат сл.павлака,чоколадото и шеќерот,се мешаат повремено додека не зовријат.Се трга настрана малку да се олади и додека е топло и тестото и кремот се истура врз тестото.На  павлаката не и треба миксирање,ќе се стегне по неколку часа.Прво се остава на собна температура а потоа се става во фрижидер убаво да се стегне.Од кога колачот ќе се олади се прелива со 100 гр. растопено чоколадо.

Колачево го јадевме благодарение на вештите раце на Ане и бадемите на Тања :)

 

Фина чоколадна торта :)

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

280 гр. темно чоколадо
125 гр. путер
50 гр. шеќер
6 јајца
1  ванилин шеќер
хартија за печење

Искршете го чоколадото на коцки и исечете го путерот на парченца. Ставете ги  да се стопат на пареа.  Во сад со миксер убаво пенасто изматете ги жолчките со скоро целиот шеќер (оставете 1 лажица од шеќерот) и ванилата. Со миксер изматете ги белките во цврст шлаг со последната лажица шеќер.
Стопеното чоколадо и путер оставете ги  да се оладат. Оладени, прво додадете го чоколадото во жолчките и убаво измешајте па потоа   додадете  ги изматените белки. Не мешајте со миксер, бидејќи белките ќе ви спласнат. Смесата истурете ја во тавче од 20 см. обложено со хартија за печење.  Печете ја во загрена рерна на 180 Ц степени, околу 25 мин. Средината на тортата треба да биде мека. Послужете ја кога ќе биде оладена.

Песок торта – Посна

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

6 пудинга од ванила се варат со 1л. вода. Откако ќе се олади се додава 250г. шеќер во прав и 250г. маргарин и убаво се мати. Филот се дели на 3 дела. Во едниот фил се додава 150г. ораси мелени, во вториот 150г. кокос и во третиот 150г. бисквити и стопено чоколадо за готвење. Деловите се редат еден врз друг. Декорација може стопено чоколадо за готвење, може и кокос.

Puslica torta

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Potrebno je:

10 jaja
560 g šećera
1 limun
4 kašike šećera
1 kašika brašna
4 dl mleka
300 g oraha
250 g butera
250 g šećera u prahu
4 kesice šlaga

Priprema:

Umutiti dva puta po 5 belanaca, 280 g šećera i sok od pola limuna. Odvojeno ispeći dve kore.

Nadev: 5 žumanaca kuvati na pari sa 4 kašike šećera, jednom kašikom brašna i 4 decilitra mleka. Kuvati dok se ne zgusne. Dodati 300 g samlevenih oraha. Posebno umutiti preostalih 5 žumanaca sa 250 g butera i 250 g šećera u prahu, pa pomešati sa prohlađenim kremom.

Umutiti šlag iz 4 kesice, pa nadevati tortu na sledeći način: prvu koru premazati kremom, preko krema staviti šlag; staviti drugu koru, premazati kremom i odozgo šlagom, pa šlagom ukrasiti tortu.

Васина Торта

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Пандишпан
Се матат шест јајца,со шест лажици шеќер,се додаваат шест лажици ореви (ситно мелени) и четири лажици брашно,еден прашок за пециво и еден ванилин шеќер.Се пече на мрсна харија на голем плех на 200 степени.(во пандишпанот по желба може да се додаде кора од  портокал)
Фил
Се матат 4 жолчки со 250 грама шеќер во прав на пареа.Се додава 100 грама стопена чоколада за готвење, сок од 1 портокал и рендана кора од портокал.Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата со шеќерот во прав,а потоа се додава 250грама путер и сето тоа добро се мати.Добро нека се олади,а потоа се брз пандишпанот се филува и повторно се остава да се олади за да филот убаво се стегне.Од останатите белки се прави шлаг и се филува тортата.

Rozen Torta

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

KORE : 2 jaja 2 kašike masti 2 šoljice mleka 4 kašike šećera kašičica sode bikarbone brašna koliko je potrebno da se zamesi čvrsto glatko testo FIL 600 gr mleka 500 gr šećera 500 gr oraha 250 gr oraha

FONDAN:  25O gr šećera u prahu sok od pola limuna 1 kašike vode kašika soka od višnje

AKO NISTE VEŠTI U MEŠENJU ILI NEMATE TOLIKO VREMENA KUPITE GOTOVE KORE ZA ROZEN TORTU

 Testo umesite od navedenih sastojaka, podelite na 8 manjih jufki, razvucite jufke u kore u veličini četvrtastog pleha Kore pecite par minuta na poleđini pleha. Gotove kore motajte u vlažan peškir. Skuvajte mleko sa šećerom, pa u njemu poparite mlevene orahe. Skinite sa vatre i dodajte puter, mešajte dok se masa izjednači. Ređajte koru po koru a svaku namažite filom. Na poslednju koru stavite fondan koji ćete dobiti tako što ćete u šečer dodati limunov sok, i sok od višnje i snažno mešati dok ne dobijete glatku masu. Po potrebi možete dodati malo vode.

Preporuka Tortu je najbolje napraviti dva dana pre no što ćete je služiti da bi kore upile fil i omekšale.