Archive for the ‘ПОСНИ РЕЦЕПТИ’ Category

Салата Маканица

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, САЛАТИ

300 гр. грав
3-4 лути суви пиперки
4-5 чешниња лук
200 гр. масло
сол

Сварете го гравот заедно со пиперките. Исцедете ги од вода, а пиперките излупете ги и извадете го семето и рачките. Сето тоа изгмечете го убаво и направете гycтa каша. Лукчето истолчете го и ставете го во кашата и налејте ја со маслото. Посолете по вкус.

Полнети суви пиперки со грав

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 12   Пиперки
  • 50 грама Моркови
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 2 главици Кромид
  • 500 грама Грав
  • малку   Црн бибер и оригано

Гравот потопете го во ладна вода.

Утредента измијте го, исцедете го, па ставете го во подлабок сад заедно со ситно исецканиот кромид, ренданиот морков  и лукот, па зачинете со сол, бибер и оригано, налејте вода колку да накисне, поклопете и варете ги на умерена температура додека гравот не биде 80% варен. т.е. додека не зоврие целата течност.Во меѓувреме, додека гравот се вари, пиперките потопете ги во врела вода.

Кога гравот ќе се свари, оставете малку да се олади, па полнете ги исцедените пиперки. Округла тепсија премачкајте ја со малку масло. Филот кој ќе ви остане од полнењето, рамномерно распоредете го по дното на тепсијата, па преку него наредете ги полнететите пиперки. Ставете ги во рерна загреана на 220 степени и печете околу 30 минути. 

Vegetarijanski polnet modar patlidzan

Posted by: Marta

August 19th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Modriot patlidzan zavitkajte go vo folija i pecete go vo rerna na 200C okolu 15 minuti.
Od koga ke se oladi prepolovete go na polovina po dolzina. Izdlabete ja sredinata, da ostane samo “shkolka” so debelina od 1cm. Proprzhete na maslo sitno seckan kromid i luk, dodadete ja krupno iseckanata sredina od modriot patlidzan, seckan domat i svaren oriz. zachinete so vegeta, origano i bosilok. Napolnete gi modrite patlidzani so smesata i pechete vo rerna uste 20 minuti.

Посна проја

Posted by: Marta

August 19th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Состојки:
3 шолји пченкарно брашно,
1 шолја бело брашно,
1 прашок за печиво,
една шолја обична вода,
две шолји газирана вода,
1/3 шолја зејтин,
сол,
семки од сончоглед и тиква, ленено семе или ким по желба.

Се замесува целата смеса и се истура во намрсено тавче. Дното на намрсеното тавче можете да го посипете со сусам, кој можете да го ставите и одозгора на тестото. Се пече 40 мин. на температура од 200 степени Целзиусови. По желба може да се додадете во смесата за проја сецкан спанаќ, праз,моркови рендани или маслинки. Смесата исто така можете да ја печете и во калапи за мафини.

Meksikanska salata ( so pecheni piperki)

Posted by: Marta

August 19th, 2011 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, САЛАТИ

Potrebni sostojki:
1 kg.crveni peceni piperki, 300 gr shunkova salama, okolu 1/2 tegla kiseli krastavicki,1 konzerva pcenka
Podgotovka:
Piperkite, shunkovata salama i krastavicite se seckaat na dolgi tenki lenti (kako shpageti), se promesuvaat i se dodava pcenkata. Se zacinuva so sol, pa se pomesuva so 200gr pavlaka i 600gr majonez.
se sluzhi so pchenkaren chips.
Ovaa salata ima i svoja varijanta za post. Namesto shunkova salama se stava tuna, i posen majonez. (se razbira bez pavlaka)

Oriz so tikva (Risotto alla zucca)

Posted by: Marta

August 16th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Tikvata isechete ja na kocki i varete zaedno so orizot vo voda vo koja ste stavile 1 lazhica sol. Po zelba mozete da  dodadete i sitno seckan kromid.  Koga ke bide svareno dodadete edna lazhica puter ili malsinovo maslo. Servirajte so rendan parmezan odozgora dodeka jadenjeto e seuste toplo. Za vreme na posti rizototo e idealno jadenje se razbira posluzeno bez parmezan.

Posni banana bombici

Posted by: Marta

August 15th, 2011 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Eve edni ednostavni posni bombici:
3 banani
250 g meleni posni biskviti
250g prav seker
250g kokos
Se pasiraat bananite i se dodavaat dr sostojki(samo 200g kokos,dr del se ostava za valkanje).Se formiraat bombicite i se valkaat vo kokosot.
Extra brzo i ednostavno..

Хумус-арапска салата

Posted by: Marta

August 15th, 2011 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, САЛАТИ

Хумус-арапска салата (*** без масло ***)
300 гр. печена леблебија
1 голема лажица таан
сок од 1/2 лимон
сол,
1 чесне лук,
1 китка магдонос.
вода

Леблебијата се меле сосема ситно додека не се претвори во брашно.
Во голема чинија најпрво се меша водата, лимонот, солта, таанот и лукот (ситно исецкан).
Потоа се додава мелената леблебија и се меша се додека не се добие хомогена смеса
со густина по желба. Може да се направи погуста и да се служи за макање, а може и поретка
за да се служи како прелив за шпагети. Густината се регулира со додавање вода.
На крајот во смесата се додава и магдоносот.

Фалафел (ќофтиња од наут)

Posted by: Marta

August 15th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Затоа што почна Богородичниот пост еве неколку посни рецепти:
Фалафел (ќофтиња од наут)
250 гр наут
1 голема главица кромид
1 мал компир
1 чесне лук
1 китка магдонос
1/2 лажиче сода бикарбона
сол
бибер
кориандер
Наутот (леблебија) се кисне во вода најмалку 8 часа.
Потоа се меле заедно со кромидот и лукот.
Компирот се ренда на ситно и се цеди од водата.
Сето убаво се замесува со рака и му се додаваат другите продукти.
Кога смесата е готова, од неа се формираат мали ќофтиња кои се пржат
во добро загреан и длабок зејтин, на послаба температура.Доколку постот е на вода , тогаш ќофтињата се печат во тепсија врз хартија за печење.