Archive for the ‘ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ’ Category

Крем канелони со пилешко

Posted by: Marta

October 20th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

потребни производи:

– 2 пилешки копани со поткопани
– 225 гр. канелони
– 175 гр. шунка
– 220 гр. свежи шампињони
– 450 гр. спанаќ
– 40 гр. пармезан
– 175 гр. сирење
– 80 гр. путер
– 2 лажици брашно
– 150 мл. павлака
– 100 мл. бело вино
– 1 пилешка коцка за супа
– неколку гранчиња босилок
– половина кафена лажица сува мајчина душичка
– 3 чешниња лук
– масло за јадење
– сол и црн пипер

подготовка

На пилешките копани им ја засекуваме и им ја отстрануваме кожата. Копаните ги ставаме во тенџере. Во тенџерето налеваме вода. Потоа тенџерето го ставам на оган. Водата во друго тенџере на оган ја посолуваме. Додавам масло за јадење. Водата во тавата на оган ја посолуваме. Канелоните ги ставаме да се варат, во тенџерето со вода, сол и масло. Во посолената зовриена вода во тавата го ставаме претходно исчистениот спанаќ да се обари. Листовите спанаќ ги притискаме за да бидат покрини со вода. Тенџерето со канелоните го тргаме од оган. Содржината ја истурам во цедалка. Ги плакнеме канелоните со студена вода. Откако ќе се исцедат ги ставаме канелоните во поголем длабок сад. Тавата со обарениот спанаќ ја тргаме од оган. Содржината ја истураме во цедалка. Го плакнеме спанаќот со студена вода. Го цедиме спанаќот притискајќи го со рака. Исцедениот спанаќ го ставам во подлабок сад. Во тенџере налевам вода. Тенџерето го ставаме на оган. Во тенџерето ја додаваме коцката да се вари супа. Шампињоните ситно ги сечкаме. Користиме шампињони од производството на Бонум. И чешнињата лук ситно ги сечкаме. На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме исечканите шампињони да се пржат. Додаваме уште масло во тавата. Во тавата го додаваме исчканиот лук. Промешуваме. Спанаќот уште еднаш го цедиме со раце. Потоа го сечкаме спанаќот. Исечканиот спанаќ го додаваме во тавата на оган. Во тавата додаваме путер. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Шунката ја сечкаме на коцки. Тенџерето со свареното пилешко месо го тргаме од оган. Содржината ја истураме во цедалка. Го плакнеме месото со студена вода. Ги враќаме копаните во тенџерето. Во тенџерето налеваме вода. На оган ставаме тава за пржење и во на путер да се растопи. Во тавата додаваме и масло за јадење. На загреаната мрснотија го ставаме брашното да се пржи. Мешаме за време на пржењето. Во тавата со црпалка додаваме од супата од коцка. Продолжуваме да мешаме со жица за матење. Го додаваме и белото вино. Во Бешамел сосот ја додаваме павлаката. Мешаме со жицата и го исклучуваме огнот. Мајчината душичка и босилокот ситно ги сечкаме. Потоа ги додаваме во Бешамел сосост. Пилешкото мсо го чистиме од коските. Месото ситно го счкаме. Исечканото месо го додаваме во тавата со Бешамел сосот. Во тавата ја додаваме шунката. Промешуваме. Во тавата го рендаме сирењето. Промешуваме. Ја ставаме тавата на работната маса. Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Во тавата ги ставаме шампињоните со спанаќ. Смесата од пилшко и шунка ја полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ги полниме канелоните. Потоа ги редиме во тавата за печење. Преостанатото сирење го рендаме во тавата со преостанатото пилешко и шунка. Го додаваме пармезанот. Промешуваме. Во тавата додаваме една црпалка супа. Со овој прелив ги преливаме полнетите канелони. Во тавата за печење ја налеваме преостанатата супа. Ја затвораме тавата со висококвалитетна Фино алуминиумска фолија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 35 минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Канлеоните со пилшко ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија за сервирање.

Жици од шпагети и виршли

Posted by: Marta

October 17th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

Ова е нешто креативно и генијално што сигурна сум дека ќе ви се допадне. Шпагети забодени во парчиња од виршли. Крајниот резултат е толку многу добар што знам дека уште вечер ќе го пробате овој рецепт:

Потребно е:

Шпагети

неколку виршли, секоја виршла исечена на три парчиња

сол

Подготовка: Во тенџере на оган ставете вода и оставете да зоврие. Во меѓувреме, со чепкалка направете по неколку дупчиња на секое парче виршла и во дупчињата протнете ги шпагетите да излегуваат од свете страни, како на сликите.

 

 

 

 

 

 

 Откако истото ќе го повторите со сите исечени парчиња виршли, ставете ги да се сварат во посолена и зовриена вода.

Грчки леб со маслинки

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

 Уште еден грчки рецепт од Катерина. Мора да го пробате лебов јас го јадев кај неа кога го месеше пред некој ден. Многу добро!

Потребно е:

700 гр брашно

2 лажички сол

25 гр свеж квасец

350 мл млака вода

5-6 лажици маслиново масло

180 гр маслинки, грубо исечкани

1 главица црвен кромид

2-3 лажички сечкано нане

Подготовка: Во чаша ставете ги квасецот, солта и малку од млаката вода да се растопи. Во длабок сад просејте го брашното, направете мала вдлабнатина во него и ставете ги квасецот, остатокот од водата и маслото. Прво, мешајте со лажица, па потоа со рака направете меко тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете двојно да се подигне. Кога ќе се подигне тестото, премесете го уште еднаш и развлечете го со сукало со димензии околу 20 см. Поделете го на две долгнавести парчиња. Врз секое парче ставете ги маслинките, ситно сечканиот кромид и нането. Завиткајте во ролат и оставете уште 30 минути да се подигне. Лепчињата ставете ги во тавче за печење и печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени и печете околу 35-40 минути.

Панцероти

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

1 стасан квасец,

1,5 лажиче сол,
250 гр. кисело млеко,
малку сода бикарбона или прашок за пециво и брашно по потреба.
Се меси стасува и се сучи кора од која се вадат кругови со голема чаша.
Се филуваат со кашкавал шунка и оригано.(може да се филуваат и со кечап и сирење)
Се свиткуваат и притискаат по краевите да се залепат или се сечат со модла.
Се пржат во врел зејтин
се служат со тартар сос (рендани кисели  краставички и мајонез)
 

Француски топли сендвичи

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 4 јајца
• 50 мл млеко
• 2 лажици масло
• 8 тенки парчиња леб
• 50 гр рендан кашкавал
• 50 гр шунка
• 50 гр врат
• 60 гр горгонзола

за бешамел сос
• 10 гр путер
• 10 гр брашно
• 200 мл млеко
• сол и бибер
• малку изрендано мускатно оревче

ПОДГОТОВКА
Во мал сад, растопете го путерот. Додадете брашно и постојано мешајте околу 2 минути, додека малку не потемни брашното. Налејте 200 мл ладно млеко и добро измешајте со жица за да се иситнат сите топчиња брашно. Додадете малку сол, бибер и мускатно оревче и полека мешајте додека бешамелот не згусне. Потоа, тргнете го од оган.

Во пластичен сад, ставете 2 јајца и добро изматете ги. Додадете сол, 50 мл млеко и добро измешајте. Загрејете масло во тефлонски сад и малку пропржете ги лепчињата кои претходно сте ги навлажниле во смесата од јајца и млеко. Лебот пржете го додека не добие златно-жолта боја и потоа ставете го на хартиени салфетки за да се впие вишокот маснотии.

Намачкајте 4 парчиња леб со бешамел сос, ставете половина од ренданиот кашаквал и прекријте со тенки прачиња шунка и врат, на кои ќе ставите малку бешамел и преклопете со по уште едно парче леб. Потоа, премачкајте од горната страна со бешамел и рендан кашаквал. Наредете во сад за печење и печете на температура од 210℃, 10 минути.

Додека сендвичите се печат, испржете две јајца, а горгонзолата разделете ја на помали парченца.

Два од сендвичите посипете ги со горгонзола, додека другите два со јајце на око. Вратете во рерна и печете уште 2 минути. Се сервираат со шери домати.

Расцветани виршли во тесто

Posted by: Marta

October 12th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

Еве другарка ми Катерина сподели со нас некои од нејзините рецепти. Инаку таа е позната по месењето кифли и погачи!

Потребно е:
500 гр меко брашно, просеано
1 пакетче сув квасец
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол
1 јајце
250-300 мл топло млеко
50 гр путер, растопен
9 виршли
(за премачкување):
1 јајце
1 лажица маслиново масло
2 млади кромидчиња, ситно сечкани
(за посипување):
сусуам
Подготовка: Во сад ставете ги просеаното брашно, квасец, шеќер, сол, додадете ги јајцето, топлото млеко и замесете тесто. Додадете го растопениот путер и месете го тестото. Тоа треба да биде меко и да не се лепи за раце и на површината.
Тестото покријте го со кујнска крпа и оставете го да се подигне 30 до 45 минути, за да го удвои волуменот. Потоа, премесете го тестото и одвојте 9 топчиња од него. Секое топче премесете го и оставете го малку да одмори. Земете едно топче и со сукало исукајте го во форма на квадрат со ширина како виршлата. На едниот крај од тестото ставете ја виршлата, замотајте ја во тесто и расечете ја на 4 еднакви делови.
Внимавајте да не го расечете целото тесто. Земете го првиот и последниот дел од тестото и преклопете ги едно преку друго.Пресечените парчиња виршла превртете ги за да изгледаат како цвет и за да се видат виршлите.Вака подготвени, наредете ги во тавче обложено со хартија за печење и оставете ги на топло да се подигнат уште 20 минути. Измешајте ги јајцето, маслото и кромидчињата и со оваа смеса премачакјте ги цветовите. Посипајте со сусам и ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 целзиусови степени, околу 30 минути додека да добијат златна боја, односно додека тестото да биде печено.

Колач од бадеми со шери

Posted by: Marta

October 11th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

•30 грама Шеќер во прав
•100 грама Шеќер
•100 грама Путер
•1 Кора од портокал
•1 Кора од лимон
•1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
•200 грама Брашно
•40 милилитри Бело слатко вино (шери)
•200 грама Бадеми
•5 Јајца

ПОДГОТОВКА:
Измешајте 200 грама брашно со 50 грама шеќер, путерот, 1 јајце и лажица ладна вода. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го во фрижидер околу 30 минути. Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките кремасто изметете ги со шеќерот и ванилниот шеќер. Додајте ги бадемите, шерито и кората од лимон и од портокал. Белките изматете ги во снег и додајте ги на смесата. Рерната загрејте ја на 200 степени. Расукајте го тестото во круг и со него покријте подмачкан плех.
Додајте го филот и печете го колачот 30 – 40 минути. Оставете го да се олади, посипете со шеќер во прав и сервирајте го.

Пастрмајлија

Posted by: Marta

October 11th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

– 1 кг бело брашно
– 800 гр свинска кртина
– 5 јајца
– еден квасец
– сол
– масло за јадење

Пред да започнеме со приготвувањето на пастрмајлијата една напомена. Месото е повкусно доколку одлежи 24 часа премачкано со масло за јадење, сол, бибер и буковец.
Започнуваме со подготовка на тестото.
Во сад за матење го ставаме целото количество брашно. Брашното го посолуваме по вкус. На брашното му го додаваме претходно растопениот квасец. Тестото го матиме со електричен миксер со најголема брзина. Во текот на матењето повремено додаваме околу 2 дл вода. Подоцна додаваме и околу 1 дл масло за јадење, со што го подобруваме вкусот на тестото и побрзо расне. Вкусот ќе го почуствувате откако ќе ја вкусите пастрмајлијата. По матење од околу десетина минути го оставаме тестото на страна да расне 30 минути.
Тестото е веќе стасано. Го вадиме од садот. На рамна подлога сипуваме малку брашно и го месиме со раце. Подлогата постојано ја посипуваме со брашно за да тестото не ни се лепи и да го добие потребното количество од истото. Со месењето прекинуваме во оној момент кога тестото ќе ја добие потребната мекост. Откако тоа го постигнавме со нож го сечеме на парчиња. Парчињата се со големина колку што ни е потребно за да го развлечеме тестото и да ја добиеме поскауваната формма на пастрмајлијата. Парчињата ги правиме во топчеста форма и убаво ги месиме со рака постојано посипувајќи ги со брашно.
Земаме обична тава која ја премачкуваме со путер по целата нејзина површина. Во неа ги ставаме топките тесто и ги покриваме со крпа чекајќи да нараснат. Тоа се некаде околу 15-20 минути.
Во друга тава претходно премачкана со путер ги ставаме топките тесто кои со рака ги развлекуваме. Стандардната форма на тестото за пастрмајлија е приближно елипсовидна. Треба да внимаваме на краевите од тестото. Тие треба да бидат здебелени, со што се остава простор каде што ќе го сместиме месото. Во текот на формирањето на тестото, потопувајте ги прстите во вода за да истото не ви се лепи.
Претходно остоеното месо го исецкавме на парчиња со мала големина и го ставаме во количество по желба. Треба да внимаваме месото да не го ставаме едно преку друго. Вака подготвените пастрмајлии ги оставаме да отстојат 5-6 минути. Истото постапка ја правиме и со преостанатите две теста.
Земаме една половина маргарин и го сечеме на крупни парчиња кои подоцна ќе ги ставиме врз пастрмајлиите.
Ја загреваме рерната на температура од 200 степени целзиусови.
Пред да ги ставиме тавите да се печат, на секоја пастрмајлија ставаме по неколку парчиња од маргаринот.
Време на печење околу 20-тина минути.
Во метален сад лесно на рака матиме 6 јајца. Со така изматените јајца, ги полеваме пастрмајлиите и ги враќаме да се допечат. Подоцна краевите од пастрмајлиите ги прамачкуваме со путер и ги враќаме да се допечат уште 5-10 минути.Пастрмајлиите се готови. Краевите повторно ги премачкуваме со маргарин за да омекнат.

Банички

Posted by: Marta

October 11th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Состојки
1кг брашно
1 мала коцка квасец
1 лажица сол
1/2 лажица шеќер
вода (колку прима тестото)
Фил по желба (може да се прават со сирење,урда,мелено месо, спанаќ,праз,кисела зелка)

Со сите состојки се замесува тесто со млака вода. Кога тестото добро ќе се измеси се прават топчиња (околу 8), секое од топчињата се премачкува со зејтин и се остават да одстојат 10 минути. Потоа секое топче се расукува, се прави тенка кора. Кога ќе се направи кората на неа се става фил по желба. Кората се витка во ролат и потоа се истегнува и се превиткува во форма круг. Откако ќе се направат се оставаат едно половина час да стасаат и потоа се печат 40-тина минути на 250 степени.

Американски појадок – Grilled chocolate peanatbutter banana sandwich

Posted by: Marta

October 11th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Ова е рецепт кој ми го даде Ксенија и е рецепт за типичен американски појадок (Thanks Ksenia!)
Сосотојки
1/4 шоља путер од кикирики
4 кришки леб
1/4 шоља чоколадо(сецкано на парченца)
1 банана исецкана на четвртинки

Подготовка
Намачкјате ги лепчињата со путерот од кикирики, наредете ја сецканата банана врз путерот, потоа додадете го сецканото чоколадо и преклопете со другото лепче. пресечете ги сендвичите во дијагонала како триаголници и испечете ги на тост 1-3 минути. јадете и уживајте!:)