4 тиквички
3 јајца
150 гр. фета сирење
1 дцл. млеко
2 лажици павлака
1 лажица брашно
сол и црн бибер
Измиените тиквички исечете ги по должина со нож за лупење компири, на тенки ленти На работната маса ставете една лента од тиквичка и на крајот ставете и фета сирење. Од половина продолжете со втора, па трета лента. Направете ролнички и водете грижа да не бидат стегнати. Ставете ги цветовите во плех за печење премачкан со масло и ставете го во рерна на 250 C околу 15-20 минути. Јајцата, млекото, павлаката, солта, брашното и биберот измаете ги во посебен сад. Можете да додадете и рендано сирење по желба. Со оваа смеса прелијте ги цветовите од тиквички и печете додека солената торта не порумени.