CUPCAKE – Чоколадни капкејкс
Posted by: Marta
July 23rd, 2012 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
За тестото потребно е
1 1/2 шоља брашно
1/3 шоља какао
1 мала лажичка ванила
1 мала лажичка прашок за пециво
1 мала лажичка сол
1 шоља шеќер
1/2 шоља зејтин
1шоља млеко
1/2 мала лажичка оцет
За кремот потребно е
3 лажици путер
120 гр чоколадо за готвење
5 лажици топло млеко
1 шољи шеќер во прав
1/4 мала лажичка сол
1/2 мала лажичка ванила
Сите состојки потребни за тестото се матат и се сипаат во хартиени калапчиња за мафини. Се печат во загреана рерна на 180Ц околу 20-тина минути. Со чепкалка за заби ќе проветите дали се печени боцкајќи ги во средината, доколку нема залепено од тестото на чепкалката тогаш тестото е печено. Додека колачињата се ладат го подготвуваме кремот ( популарно наречен фростинг). Чоколадото се топи на пареа, заедно со млекото, путерот, шеќерот во прав, солтта и ванилата. Потоа се остава во фрижидер неколку часа да се стврдне.Оладениот крем со шприц за декорација се става врз печените колачиња. Одозгора се декорираат по желба.