Archive for May, 2012

малку уживање со готвењето на Борче…

Posted by: Marta

May 27th, 2012 >> СОВЕТИ, ГОТВАЧКИ ТРИКОВИ, МИСЛИ :)

Борче е мој пријател кој се класифицира како готвач импресионист! Отвара фрижидер, комбинира и погледнете сами… уживање за сите сетила!

… и се разбира немаше да готвиме ни јас ни Борче вака добро да не ни беа кујнските апарати од Агротехна! http://www.agrotehna.com.mk

 

Чоколадна торта без брашно

Posted by: Marta

May 26th, 2012 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

За тестото:

  • 350гр. – исецкано чоколадо за готвење.
  • 175гр. – путер, исецкан на 6 делови.
  • 5 поголеми јајца.
  • 1 шоља шеќер.
  • 2 кес.ванилин шеќер.
  • ¼ лажичка сол.
  • ¼ шоља – какао во прав.

За глазурата:

  • 115гр. Чоколадо за готвење.
  • 40гр. Путер

Начин на подготовка:

Тесто:

Премачкајте со зејтин , округол калап за колачи со пречник околу 22см и загрејте ја рерната на 150ц.

На пареа стопете ги чоколадото и путерот и соединете ги.

Во чинија со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, ванилата, солта и 2 лажици топла вода.

Миксирајте на средна брзина додека смесата не стане светла и не се згусне дупло.(миксирајте околу 2 мин.).

Намалете ја брзината и додадете ја чоколадната смеса.

Зголемете  ја брзината и миксирајте 30сек.

Потоа додадете го какаото и миксирајте уште 30 сек.

Налејте ја смесата во калапот и печете 40 – 45 мин.

Со чепкалка за заби  проверете дали е готово тестото, ако е влажна со неколку трошки тогаш е готово тестото.

Оставете го на страна да се олади, 30 мин.

Со метална шпакла одвојте ја тортата од плехот и ставете ја на метална решетка да се олади потполно.

Префрлете на тањир, покријте и оставете ја  минимум 6 часа во фрижидер.

Глазура:

Стопете го чоколадото и путерот на пареа.

Замешајте и прелијте преку ладната торта.

Распоредете го со шпакла.

Оставете во фрижидер на 20 – 40 мин.додека да се стврдне чоколадото.

Пред служење ставете ја тортата на собна температура барем 20мин.

Солени ролати од палачинки

Posted by: Marta

May 26th, 2012 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

Поребно е:

  • 200гр моркови
  • Сол
  • 200гр спанаќ
  • 1 кес. желатин
  • 600гр Крем сирење
  • 200гр – рендан кашкавал
  • бибер и сол
  • 12-палачинки
  • 200гр шунка

Подготовка:

Се вари морковот и се ренда на крупно ренде. Спанаќот се вари кратко во солена вода, се цеди и се сецка.Се подготвува желатинот ( по упатство од кесичката) и се замешува крем сирењето во него. Се додава ренданиот кашкавал, а потоа спанаќот и морковот, сол и бибер.Се става шунката на палачинката, потоа се става филот.Се сечат палачинките накосо и се сервираат.

Шпагети со тиквички и ракчиња ( Fabio`s Shrimp Zucchini Pasta)

Posted by: Marta

May 26th, 2012 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

Потребно

500 гр шпагети

1  тиквичка ( по можност темно зелена)

250 гр ракчиња

1 чешне лук

1 чаша бело вино

маслиново масло

магдонос

сол и бибер

Подготовка

Ситно се сецка лукчето и се запржува на повеќе маслиново масло. Се додава сецканата тиквичка ( не лупена), се пржи кратко па се додаваат ракчињата и виното, се наросува бибер и сол. Се вари додека виното не испари.  Шпагетите се варат во солена вода, се цедат и се мешаат во подготвениот сос, се додава ситно сецкан магдонос и се служи топло се разбира како и секоја друга паста :)

 

Пита со зеље,шунка и печурки

Posted by: Marta

May 26th, 2012 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

Потребно

500гр тенки кори за баклава

500 гр зеље

300 гр шунка

300 гр печурки (шампињони)

4 јајца

200 гр млеко

100 гр зејтин

1 прашок за пециво

сол

Подготовка

Зељето се обарува во вода, се цеди и ситно се сецка. Се матат со вилушка јацата, млекото и зејтинот. Се додава прашокот за пециво и зељето и се посолува.

Корите (една по една) се топат во смесата и згужвани се редат во подмастена тепсија. Преку првиот ред кори се ренда шунката и сецканите печурки и потоа повторно се редат згужвани кори. Питата се пече во загрена рерна на 200 Ц околу 30-тина минути.