– 400 гр. млади коприви
– 800 гр. млади компири
– 100 гр. овчо сирење
– 100 гр. крем сирење
– 200 мл неутрална павлака
За бешамел сос:
– 1 лажица путер
– 2 лажици масло
– 2 лажици брашно
– 400 мл топло млеко
– сол и бибер
Подготовка:
Компирот излупете го и исечкајте го на тенки кругови, потоа сварете ги во солена вода. Пред да се сварат компирите, во нив додадете ги копривите и после пет минути процедете ги. Растопете го путерот, додадете малку масло и запржете го брашното, па додадете го врелото млеко и постојано мешајте. Зачинете по вкус и гответе додека сосот не се згусти. Во подмачкан огноотпорен сад ставете ги компирите измешани со копривите, прелијте ги со бешамел сос и промешајте. Потоа, смесата прелијте ја со павлака и посипете со изрендано сирење. Печете 40 минути на 200 степени.