– 2 лажици масло
– 3 јајца, изматени
– 6 филџани долгнавест ориз, сварен и изладен
– 2-3 млади кромитчиња, ситно исечкани
– 2 бабури, ситно исечкани
– 1 филџан грашок или брокула, по желба
– 1 морков
– 250 г ракчиња
– Сол и бибер
– Соја сос
Во подлабок сад за готвење испржете ги јајцата со постојано мешање. Кога ќе бидат готови, додадете го предходно сварениот ориз, убаво измешајте и тргнете го садот од оган. Во вок тава или подлабоко тавче за пржење испржете ги на врел зејтин сецканите бабури,ракчињата, кромидот исецкан на ситни тркалца, морковот исечкан на коцкички и грашокот. Зеленчукот пржете го најмногу 2 минути.Додадете го оризот и иститнетата кајгана од јајца, соја сос ( количината е по желба) промешајте 2-3 пати и послужете.