Француски солен колач со кашкавал и маслинки
Posted by: Marta
April 11th, 2012 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
- 250 милилитри Млеко
- 1 лажица Маслиново масло
- 100 грама Маслинки
- 100 грама Кашкавал
- 100 грама Брашно
- 4 Јајца
- малку Сол
Помешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта.
Додадете 4 јајца, претходно само малку разматени со вилушка, па со лажица соединете ги јајцата и брашното, мешајќи додека смесата не стане глатка без грутчиња.
Потоа додадете го млекото, кашкавалот, маслинките и маслиновото масло, добро измешајте и оставете саат-два да отстои.
Промешајте, префрлете во четвртаста тепсија, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
Печете околу 40 минути на температура од 180-200 степени или додека не добие убава златна боја.