Посни лазањи
Posted by: Marta
March 24th, 2012 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ
Во големо тенџере сварете еден и пол литар соино или оризово млеко со една коцка маргарин, сол, рендано морско оревче и пола шоља брашно(треба да биде ретко како за палачинки). Во друго тавче испржете 1 кромид, 300гр.рендани моркови, 500гр.печурки (свежи или маринирани -по ваш избор, моја препорака е да користите свежи),200гр.соја трошки (предходно потопени во топла вода за да омекнат), зачинете со вегета, босилок, оригано, бибер, и додадете 500 мл доматно пире.
Во подмачкана подлабока тепсија редете:лазањи (не сварени) па од филот со зеленчук и доматно пире,па прелијте со реткиот бешамел, па повторно лазањи,фил, бешамел..се додека не се потроши се.На крај прелијте со останатиот бешамел и кога ќе се излади ставете да преноќи во фрижидер. Следниот ден печете во загреана рерна околу 60 минути.15 минути пред да бидат готови лазањите посипере со рендан посен кашкавал.
Лазњите можете да ги правите и со спанаќ или друг зеленчук како брокули или карфиол.