Моцарела пржени сендвичиња
Posted by: Marta
March 1st, 2012 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Состојки за 4 пржени сендвичиња:
8 парчиња бел леб
1 топче моцарела, исечено на 4 дела
4 тркалца од домат
8 големи лисја босилек
2 лажици брашно
2 јајца
маслиново масло за пржење
подготовка:
Со голема шолја или калап исечете ги кришките леб на кругови (околу 10 см). На круг од леб ставете лист босилок, потоа моцарела и трклаце од домат, па повторно лист босилок и поклопете со друг круг од леб и со прсти нежно притиснете по рабовите. Прво сендвичите валкајте ги во брашно а потоа натопете ги во рамзатените јајца. Се пржат во тава во маслиново масло на средна температура околу 3 минути.