Посен мексикански колач
Posted by: Marta
February 24th, 2012 >> ПОСНИ РЕЦЕПТИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
за тестото
1 1/2 чаша брашно
1 чаша шеќер
пола чаша какао
2 мали лажичиња цимет
1/4 мало лажиче сол
1 мало лажиче сода бикарбона
1 лажица балсамико оцет
1 ванилин шеќер
1 1/2 ладна вода
за филот
2/3 чаша какао
2/3 чаша шеќер во прав
пола чаша ладна вода (почнете со помалку вода и додајте ја целата количина од пола чаша ако е потребно)
Подготовка
Измешајте ги сите суви состојки во сад, додајте го оцетот и водата и измешајте го тестото со обична лажица, ( не мешајте премногу). Во ред е ако има неколку неизмешани грутки.Подмачкајте го тавчето со масло и сипете ја смесата за колачот во тавчето.(ако постите без масло покријте го тавчето со хартија за печење)
Ставете го колачот во загрена рерна на 180 степени, и печете го околу 40 – 45 минути.
Во меѓувреме, измешајте ги состојките за филот. Кога колачето ќе биде сосема оладено, намачкајте го со еден слој фил.