500 гр свежи печурки
200 грама соини трошки
100 грама рендан растителен кашкавал
1 лажичка сол
1 лажичка лут буковец
Малку маслиново масло
Печурките се длабат во средината за да се добие доволно простор да може да се наполнат. Средината од печурките која ќе се издлаби не се фрла туку ситно се сецка. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканите печурки, се додаваат соините трошки и малце се пропржува. На крај се додава сол и лут буковец. На страна се редат печурките во тавче во кое претходно ставате хартија за печење ( не се подмачкува). Се редат издлабените печурки, се полната со испржената смесата и се наросуваат со сецкан растителен кашкавал. Се печат 20-30 минути на 180 степени.