Палачинки полнети со спанаќ
Posted by: Marta
February 24th, 2012 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
• 1 Тесто за палачинки
• 500 грама Спанаќ
• 300 грама сирење или моцарела
• малку сол
• 80 грама Кисела павлака
• 3 jајца
Прво се пржат палачинките, а потоа се приготвува филот. Исчистениот и измиен спанаќ се попарува, се цеди и се пасира. На тоа се додаваат сирењето, 2-3 жолчки, сол, 2 лажици павлака и на крајот снег од белките.
Пржените палачинки се полнат со фил и се редат во огноотпорен сад и се печат во рерна. Кога површината ќе стане златно-жолта се преливаат со павлака изматена со едно јајце и повторно се ставаат во рерна да се потпечат.