500 гр.мелено месо
1,5 кг компири
1 јајце
200 гр доматен сос
2-3 моркова
200гр рендан кашкавал
босилок,оригано,црн бибер,сол и вегета, магдонос
Подготовка
Меленото месо се запржува заедно со ренданите моркови, се додава сосот од домати, зачините, се посолува по вкус и се остава да се вари 10-тина минути.
Компирите се варат во вода со се лушпа. Сварените компири излупете ги и изгмечете ги како за пире. Додадете го јајцето и се убаво измешјате. Поделете го пирето на два дела. Во едниот дел додадете сецкан свеж магдонос.
Во намастено тавче ставете ја половината од пирето, израмнете убаво и потоа прелијте го месото одозгора. Израмнете повторно убаво па додадете го вториот дел од пирето со сецкан магдонос. Израмнете и посипете со рендан кашкавал. Запечете во рерна 15 -тина минути (додека не добие румена коричка одозгора).