Archive for February, 2012

Jevrejski kolac – omileniot na Ljupka :)

Posted by: Marta

February 29th, 2012 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Sastojci
Testo
600 gr.brasna 3zumanca 1/2 kocke kvasca 250 ml.mleka 3 kasike secera 150 gr.margarina
Fil I
300 gr.mlevenog maka 150 gr.secera 200 ml.mleka 2 kasike meda malo narendane kore od limuna
Fl II
150 ml.mleka 100 gr.secera 300 gr.mlevenih oraha
Fil III
1 kg. jabuka ( one malo kisele su lepse) 150 gr.secera 1 kesica cimeta
Fil IV
800 gr. Kupite teglu marmelade od kajsija.

Priprema:
1
Rastvorite kvasac u toplom mleku i kasiku secera pa dodajte u vanglu gde ste stavili sve ostale sastojke. Dodajte i omeksali margarin izrezan na kockice.
Testo koje ste umesili podelite na 5 delova i ostavite 2 sata da stoji.
Testo razvucete malo oklagijom malo rukama i oblikujete prema tepsiji.
2
Fil I:
U provrelo mleko sa secerom dodajte mak, smanjite na tihu vatru i dodajte med, koru od limuna i mesajte jos 5 min. Ostavite fil da se dobro ohladi.
3
Fil II:
U provrelom mleku sa secerom dodajte orahe, promesajte jos 5 minuta na tisoj vatri i ostavite da se i to dobro ohladi.
4
Fil III:
Rendane jabuke procediti, dodjate secer i spinujte 10-15 min. Kad se ohladi dodajte cimet.
5
Moram napomenuti tepsija mora biti duboka i pravougaona (ako imate), i manja od onih iz rerne. Namazite tepsiju zejtinom i filujte ovako:
6
Kora pa fil od jabuka, kora pa fil sa makom, kora pa fil sa orasima, kora pa dobar sloj pekmeza od kajsija i zavrsite sa korom.
Pecite 10 min na 180C a posle na 150C jos 45-60min.
Kad se ohladi premazite koru sa tankim slojem marmelade od kajsija i poprskajte mlevenim orasima.

ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, САЛАТИ

6 јајца
200 грама шунка (ситно сецкана или рендана)
100 грама рендан кашкавал
1 лажичка сол
1 лажичка сенф
2-3 лажички мајонез
Малку маслиново масло
Потребни се 6 тврдо варени јајца. Се сечат на пола и жолчката се трга на страна. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканата шунка и малце се пропржува.Откако ќе се олади.се меша со жолчките, сол, сенф и мајонез за да се добие една хомогена смеса. Јајцата се полнат со смесата и одозгора се наросува ренданиот кашкавал.

ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> ЗЕЛЕНЧУК, МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ
500 гр свежи печурки
100 грама шунка (ситно сецкана)
100 грама сланина (ситно сецкана)
100 грама рендан кашкавал
50 грама плаво сирење
1 лажичка сол
1 лажичка лут буковец
Малку маслиново масло
Печурките се длабат во средината за да се добие доволно простор да може да се наполнат. Средината од печурките која ќе се издлаби не се фрла туку ситно се сецка. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканите печурки, се додава шунката и сланината и малце се пропржува за сланината да стане малце крцкава. На крај се додава сол и лут буковец. На страна се редат печурките во тавче во кое претходно ставате хартија за печење ( не се подмачкува). Се редат издлабените печурки, се полната со испржената смесата и се додава мало парче плаво сирење и на крај се наросуваат со сецкан кашкавал. Се печат 20-30 минути на 180 степени.

ПОЛНЕТИ ПОСНИ ПЕЧУРКИ

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

500 гр свежи печурки
200 грама соини трошки
100 грама рендан растителен кашкавал
1 лажичка сол
1 лажичка лут буковец
Малку маслиново масло
Печурките се длабат во средината за да се добие доволно простор да може да се наполнат. Средината од печурките која ќе се издлаби не се фрла туку ситно се сецка. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканите печурки, се додаваат соините трошки и малце се пропржува. На крај се додава сол и лут буковец. На страна се редат печурките во тавче во кое претходно ставате хартија за печење ( не се подмачкува). Се редат издлабените печурки, се полната со испржената смесата и се наросуваат со сецкан растителен кашкавал. Се печат 20-30 минути на 180 степени.

Минeстра чорба ( Минестроне)

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

•50 грама Целер
•малку Сол
•100 грама Моркови
•малку Мешан зачин
•100 милилитри Маслиново масло
•2 чешниња Лук
•1 главица Кромид
•400 грама Компир
•200 грама Домат
•150 грама Грашок или црвен грав
•100 грама пченка
•малку Црн бибер

Гравот измијте го и оставете го да отстои преку ноќта во вода.
Утредента ситно исецкајте го црниот лук, а кромидот и морковот на кругчиња, а компирот и коренот целер на мали парченца, па додадете го исцедениот грав или грашок и сè заедно пропржете на малку масло.
Кога зеленчукот ќе омекне, додадете малку бибер, бел лук и излупен и на мали парченца исецкан домат, пржете 5 минути, па посипете со зачински билки и налијте со 1,5 литри вода.
Варете додека зеленчукот не стане мек, посолете по вкус и посипете со сецкани листови целер.

Мали тајни за раат во кујната

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> СОВЕТИ, ГОТВАЧКИ ТРИКОВИ, МИСЛИ :)

Еве неколку корисни совети за полесно снаоѓање во кујната…одржување на кујнските садови, мали тајни за готвење, одржување на намирниците…

– Загореното тенџере е проблем за секоја домаќинка. Маснотијата и остатоците од храна отстранете ги со обична вода. Потоа во тенџерето ставете друга вода со малку прашок за перење и оставете добро да зоврие. Оставете го тенџерето да се олади и „преноќи“, а наредниот ден без никаква мака совршено ќе го исчистите.

– Во садот за готвење често се таложи камен. Ставете малку сода бикарбона и еден до два свежи компири. Оставете да зовријат.

– Ако сакате приборот за јадење секогаш да биде чист, ставете го да врие во водата во која сте вареле компир и извадете го после 10 минути.

– Дамките на ножот најдобро ќе ги исчистите со сол и лимон.

– Новите садови од глина пред употреба треба да ги ставите 15 минути во солена вода.

– За да го отстраните непријатниот мирис од фрижидерот, исчистете го со вода во која сте додале лажичка сода бикарбона.

– Овошјето секогаш ќе биде свежо ако го попрскате со неварено млеко.

– Сокот од јаболко нема да потемне ако во него исцедите сок од лимон. Тоа важи и за исечените јаболки или круши.

– Овенатата салата ставете ја во млака вода и веднаш ќе ја врати својата свежина.

– Ако сте го пресолиле јадењето, додадете еден или повеќе лупени компири во него.

– Јагодите, малините, кајсиите и останато овшје кое го ставате во замрзнувач, секогаш пакувајте го во сад и помеѓу секој ред попрскајте шеќер. Шеќерот не дозволува мразот да навлезе во овошјето и да му го одземе природниот вкус.

– Коцките лед за аперитив ќе бидат повкусни и поубави, ако во водата во садот за лед додадете малку тенко исечена кора од портокал или лимон.

– Кристализираниот мед ќе го вратите во течна состојба, ако теглата со мед ја ставите 15 минути во сад со топла вода. Температурата на водата не смее да биде повеќе од 40°C , бидејќи во спротивно ќе исчезнат основните хранливи својства на медот.

– Доколку во садот ви падне лушпа од јајце, натопете го прстот со вода и нема да верувате колку лесно ќе ја извадите лушпата.

– Ако немате доволно брашно, а сакате да пржите риба, натопете ја во пиво. Рибата ќе биде многу вкусна.

– Ако ви доаѓаат гости, немојте да употребувате дезодоранс против непријатниот мирис од готвењето, туку исклучете го шпоретот и на ринглата на која сте готвеле ставете страк на наквасен рузмарин. Тоа е гастрономски дезодоранс.

– Мирисот од лук и кромид на вашите раце ќе исчезне ако ги истриете со талог од кафе.

– Кога при пржењето маслото ќе почне да прска, најдобро е во него да ставите корка од леб и малку сол.

– Пилешкото месо ќе биде свежо и вкусно, ако пред пржењето го премачкате со сок од лимон.

– Свежата штрудла полесно ќе ја исечете со загреан нож.

– Ако ви се лепи тестото за палачинки додека ги пржите, во него додадете чаша пиво.

– Зеленчукот најдобро ќе го измиете ако во водата ставите лажичка сода бикарбона.

– Тестото за палачинки ќе биде подобро ако најпрво ги изматите брашното и млекото, а потоа ги додадете јајцата.

– Варените јајца полесно ќе ги излупите, ако во водата во која се варат додадете лажичка сол.

– Мајонезот е многу повкусен ако го зачините со малку бело вино.

– Нема да ви солзат очите додека сецкате кромид, ако главицата кромид најпрво ја потопите во врела, а потоа во ладна вода.

– Дамките на кујнските крпи полесно ќе ги исчистите ако преку ноќта ги оставите потопени во вода во која сте ставиле и лажичка сода бикарбона. Наредниот ден исперете ги на вообичаениот начин.

– Непријатниот мирис од маснотии и храна од печењето ќе ги отстраните ако во рерната посипете шака сол додека е уште загреана. Подоцна исчистете ја на вообичаениот начин.

Интегрална пица со зеленчук

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

•1 лажичка шеќер
•200 грама шампињони
•200 грама Тиквичка
•малку Сол
•1 Пиперка
•малку Оригано
•4 лажици маслиново масло
•100 грама маслинки
•2 чешниња лук
•1 главица црвен кромид
•малку Квасец
•150 грама Интегрално Брашно
•150 грама бело брашно
•200 грама Домати или пелати
•160 милилитри вода
•малку босилок

Во чинија за мешање ставете ги двaта вида на брашно и сол, па убаво измешајте.
Во шоља, во меѓувреме разматете го квасецот со малку шеќер и топла вода (од оние 160 мл.)
Потоа сипете го во брашното заедно со маслиновото масло и остатокот топла вода.
Замесете мазно тесто и оставете го да нарасне.
Тиквичката изрендајте ја, посолете и оставете малку да отстои.
За тоа време на малку маслиново масло, продинстајте го ситно сецканиот кромид, потоа додадете го лукот, а на крајот тиквичките.
Динстајте 15-тина минути, односно додека не испари целата течност.
Тестото расукајте го на два правоаголника, па ставете ги те на плех за печење, прво распоредете ги тиквичките на тестото, потоа тенко сецканата пиперка, домат, пиперка и маслинки, па печете во рерна на 250 степени 20-25 минути, додека тестото убаво не порумени.
Извадете ја пицата од рерна, посолете ја, попрскајте ја со оригано, маслиново масло, а на крајот одозгора додадете некое ливче свеж босилок.

Posna slana bajadera

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

- 800 gr posnog kačkavalja
– 250 gr margarina
– 200 gr prezli
– 100 gr pečenog susama
– 1 konzerva tunjevine (170 gr)
– 3 seckana kisela krastavčića
– 1 kašičica slatke aleve paprike
– 1 manja veza seckanog peršuna
Kačkavalj izrendajte na sitno rende pa ga umutite sa margarinom. Podelite smesu na tri jednaka dela. U prvi deo stavite prezle i susam , u drugi deo stavite oceđenu tunjevinu i alevu papriku, a u treći deo stavite seckane krastavčiće i peršun. Svaku smesu rukama dobro izradite. U dublji manji pleh rastanjite prvo smesu sa prezlama, preko stavite smesu sa tunjevinom, i na kraju smesu sa krastavčićima. Poravnajte i stavite u frižider minimum tri sata da se stegne. Odozgo možete ukrasiti rendanim posnim kačkavaljem!

Палачинки полнети со спанаќ

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> ЗЕЛЕНЧУК, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

• 1 Тесто за палачинки
• 500 грама Спанаќ
• 300 грама сирење или моцарела
• малку сол
• 80 грама Кисела павлака
• 3 jајца

Прво се пржат палачинките, а потоа се приготвува филот. Исчистениот и измиен спанаќ се попарува, се цеди и се пасира. На тоа се додаваат сирењето, 2-3 жолчки, сол, 2 лажици павлака и на крајот снег од белките.
Пржените палачинки се полнат со фил и се редат во огноотпорен сад и се печат во рерна. Кога површината ќе стане златно-жолта се преливаат со павлака изматена со едно јајце и повторно се ставаат во рерна да се потпечат.

Tuna burger!

Posted by: Marta

February 24th, 2012 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ


3 konzerve (185-140 gr) tunjevine u vodi
3 kasike majoneze (light, posni)
2 kasike seckanog persunovog lista
3 kasike krusnih mrvica
1 kasikica senfa (Dijon)
po volji papar,sol
par kasika maslinovog ulja za przenje

Dobro ocjedite tunjevinu od vode i stavite je u zdjelu!Tome dodajte majonezu,krusne mrvice,sjeckani persunov list,senf,papar,sol!Soli ne trebate puno,jer je tunjevina vec slana! Sve to dobro promjesajte da se sjedini i podjelite na cetiri djela.Oblikujte cetiri deblja burgera.
U tavi ugrijte malo maslinovog ulja i pecite burgere po par minuta sa svake strane ili dok ne dobiju finu smedjkastu boju.
Posluživanje
Servirajte ih u pecivu za burgere,uz dodatak,tar-tar umaka,majoneze,zelene salate,paradajza,luka, pomfrita ili povrca po zelji!